Вчера во 15:30 часот на регионалниот пат Струмица–Валандово, на делницата од „Раборска крстосница“ до „Куклишка крстосница“ се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Фиат дукато“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.П.(56) од Струмица и патничко возило „Опел зафира“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Ц.(42) од Струмица.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило М.Ц., сопатникот во патничкото возило „Опел зафира“, Д.Ц.(50) од Струмица и сопатникот во товарното возило „Фиат дукато“, М.А.(56) од село Јаргулица, радовишко, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците во товарното возило И.Ј.(35) од Струмица и М.Д.(28) од село Покрајчево, радовишко, констатирани во струмичката болница. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Струмица.