Вчера утрото околу 8 часот на регионалниот пат Валандово – Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Ауди А8“ со гевгелиски регистарски ознаки, во кое биле превезувани илегални мигранти и патничко моторно возило „Фолксваген туран“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ѓ.(25) од село Пиперово, струмичко, информираат од МВР.
По незгодата, возачот на возилото „Ауди“ и неколку мигранти го напуштиле местото, а по преземени мерки во близина биле пронајдени две лица мигранти од Сирија. Тие биле сместени во Прифатен центар за странци во Скопје, а возилото „Ауди“ било одземено.
Во незгодата со повреди се здобиле возачот на возилото „Фолксваген туран“ и неговите сопатници Р.П.(36) и С.С.(44), двајцата од Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.