Вчера во 17:20 часот во Струмица се случила сообраќајна незгода во која со тешки повреди се здобила 63-годишна жена, констатирани во болницата во Струмица
Сообраќајката се случила на булевар „Гоце Делчев“ помеѓу патничко возило „Цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.А.(52) од Струмица и патничко возило „Шкода“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.П.(25) од село Просениково, струмичко, информираат од СВР Струмица.
Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобила Ф.А.(63) од Република Турција, со привремен престој во село Еднокуќево, сопатничка од патничкото возило „Цитроен“, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.