СВР Струмица информира дека синоќа околу 19:30 часот на регионалниот пат Струмица – Валандово, во близина на селото Костурино, патничко моторно возило „Пежо 508“, со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Р.(56) од Струмица, излетало надвор од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.