Утрово во 06:40 часот на регионалниот пат Струмица – Валандово, на излез од село Костурино, кај Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и трактор, во која животот го загубило едно лице. Информацијата ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, но засега нема детални информации за загинатиот маж. Увид на местото извршил јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, а патниот правец Струмица – Валандово е пуштен за соообраќај, кој беше во прекин повеќе од три часа.