На 27 август (вторник) во селото Секирник, општина Босилово ќе се одржат традиционалните „Русалиски средби“, годинава во рамките на Манифестацијата „Босилово Културно лето 2024“, а во пресрет на големиот христијански празник Голема Богородица.
На „Русалиските средби 2024“ од 20:00 часот, според најавената програма ќе земат учество КУД „Танец“ од Миравци, ФА „Бели Мугри“ од Кочани, ФА „Копачка“ Драмче, Делчево, ФА „Бојмија“ од Гевгелија, КУД „Мирка Гинова“ од Демир Капија, ФА „Мегдан“ од Богданци и домаќините „Русалиите“ од Секирник.
Во вториот дел од 22:00 часот ќе се одржи Богородичен концерт со Елена Андоновска и Сашко Митев од националниот ансамбл „Танец“ од Скопје во придружба на оркестарот „Дај една чалгија“.