понеделник, 30 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Во СВР Струмица одбележан Денот на македонската полиција

среда, 7 мај, 2025 | 17:21
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ

Денеска во Секторот за внатрешни работи – Струмица беше одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција на кое покрај вработени во Секторот присуствуваа и градоначалници од југоисточниот регион, претставници на институции и компании со кои соработува СВР Струмица, ученици, како и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.

„Колеги Ви благодарам за Вашиот труд, за Вашата пожртвуваност, професионалност која ја покажувате секој ден. Нека овој ден, нашиот празник биде уште поголем поттик за понатамошно унапредување во полициското работење во сите сегменти, а проследена со интензивна соработка со граѓаните и меѓународните партнери. Само така ќе изградиме посилна, поправедна и побезбедна Македонија“ – кажа началникот на СВР Струмица, Дејан Ефтимов во своето обраќање до колегите по повод празникот на македонската полиција.

Ефтимов додели плакети на директорот на БЈБ за поддршка и посебен придонес во остварувањето на целите на СВР Струмица, како и на 20-тина институции, приватни компании и поединци за придонес и соработка со СВР Струмица во областа на безбедноста.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев во своето обраќање кажа дека полицијата е чувар на државата, а униформата и значката што ја носиме е симбол на гордост, чест и одговорност, а не на моќ, и дека Македонија заслужува полиција која ќе работи по закон и со интегритет.

Тој денеска во Струмица постхумно додели признанија на херои и загинати припадници на МВР. Такви признанија беа доделени за Ерол Готак, Атанас Јанев, Коце Крстев, Драги Мицев, Сашко Соколов.

На свеченост беа презентирани поетски творби и цртежи од ученици на тема „Хероите носат униформа – но и срце“, од јавниот конкурс кој го распиша струмичката библиотека „Благој Јанков Мучето“ во соработка со СВР Струмица, а на кој пристигнале над 60 литаратурни творби и околу 80 цртежи и илустрации. Настанот го збогатија и децата од градинката „Виножито“ од Струмица облечени во маици со паролата „Хероите носат униформа – но и срце“.

Присутните имаа можност да се запознаат со дел од опремата која ја користат полициските службеници при извршување на редовните работни активности и специјалните задачи.

ShareTweetShare
Previous Post

Приведен струмичанец кој со нож се обидел да нападне полициски службенци кои извршувале службени дејствија

Next Post

Општина Струмица поставува хиперлокална мрежа од сензорски монитори за откривање жаришта и извори на загадување на воздухот

Related Posts

Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан
Вести

Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан

понеделник, 30 јуни, 2025 | 15:23
Претрес во струмичко, пронајдена марихуана кај 18-годишно момче
Вести

Претрес во струмичко, пронајдена марихуана кај 18-годишно момче

понеделник, 30 јуни, 2025 | 13:26
Гореше голема површина со сува трева, папрат и дрвја над селото Габрово
Вести

Викендот струмичките пожарникарии интервенирале на седум локации – најмногу кај запалени депонии

понеделник, 30 јуни, 2025 | 11:19
Земјотрес со јачина од 2.2 степени е регистриран кај Струмица
Вести

Утрово почуствуван земјотрес во струмичко со јачина од 3.5 степени

недела, 29 јуни, 2025 | 06:27
165-годишната историја на училиштето во струмичко Робово овековечена во нова книга на Иван Котев
Босилово

165-годишната историја на училиштето во струмичко Робово овековечена во нова книга на Иван Котев

петок, 27 јуни, 2025 | 17:21
Од 1 јули се воведува забрана за движење во шумите
Вести

Од 1 јули се воведува забрана за движење во шумите

петок, 27 јуни, 2025 | 14:39

ТОП ВЕСТИ

Од 1 јули се воведува забрана за движење во шумите
Копачките на познатиот фудбалер Роберто Баџо, тркачкиот велосипед „Пинарело“ на показ пред струмичани во Градската галерија
Струмичанецот Југослав Тренчовски се сели во Словенија – ќе биде прв тренер на прволигашот ФК „Радомље“

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist