На иницијатива на Марија Пантева од Струмица, во сабота (24 мај) во струмичкиот ноќен бар „Рекорд Паб“ ќе се одржи хуманитарен настан „Донирај за Кочани“, каде што присутните ќе имат можност да донираат средства кои ќе бидат наменети за настраданите од големиот пожар во Кочани.
Настанот ќе започне во 21 часот, а на истиот ќе настапи познатата група „90 STRINGS“, а како што најавува организаторката, вечерта ќе биде исполнета со заедништво кое треба да даде порака за солидарност, разбирање и подавање рака во тешки моменти.
„Нашата заложба е преку овој настан да собереме средства за поддршка на семеjствата на загинатите и за обезбедување неoпходна помош за повредените со цел да им овозможиме полесно физичко и психичко закрепнување“ – стои во поканата.
Поддршка може да дадат и компаниите кои средствата како донатори може да ги уплаќат на сметката на Здружението на граѓани – Демоткраски институт за општествено и политички анализи Струмица, број: 210076461000175 во НЛБ Банка, со назнака: Донација за Кочани.