Во организација на здружението „Проагро Фармери“ во сабота, 5-ти октомври 2024 со почеток од 10:00 часот, во Струмица на плоштадот „Гоце Делчев“ по 4-ти пат ќе се одржи АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2024 – фестивал на храна, мед и пијалоци.
Посетителите ќе можат да присустуват на:
Дегустација на домашно подготвени јадења
Дегустација на најдобрите вина и ракии од Македонија
Избор на највкусно домашно подготвено јадење
Избор на највкусен мед од Балканот
Стручни предавања
Богата културно уметничка програма
Да ги поддржиме домашните производители. Купувајте македонски производи!
Саемот се одржува со финансиска поддршка на Општина Струмица и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.