Екипи на ЈПКД „Комуналец“ од денеска почнаа со чистење и уредување на просторот околу и во Градските гробишта во Струмица, во пресрет на еден од четирите најголеми празници посветени на мртвите – Митровденска Задушница, кој годинава е на 5-ти Ноември (сабота).
Од струмичкото комунално претпријатие ги информираат граѓаните кои со автомобил планираат да ги посетат вечните почивалишта на покојните дека ќе има еднонасочен влез на движење на автомобили, односно влезот на автомобили ќе биде на предниот влез (главна порта) на гробиштата, а излезот ќе биде исклучиво на задниот излез од гробиштата, накај Баница. На овој начин ќе се намали сообраќајниот метеж кој се создава при големо присуство на автомобили на вакви празници.
Од „Комуналец“ апелираат и за совесно однесување, да не се уништува урбаната опрема, како и да не се оставаат отпадоци покрај гробовите, се со цел за почиста и уредена средина.