Во пресрет на празникот Задушница, викарниот епископ Стобиски г.Јаков апелира на гробовите да се носи само пченица и вино.
„Ако сакате онаа храна што сте ја подготвиле од љубов кон нашите покојни, да заврши таму каде што треба, еве постои „Елеуса Фондација“ каде што на одредено место секојдневно ги храни гладните и жедните или едноставно земете ја таа храна и однесете ја кај оние луѓе кај што знаете дека имаат потреба. Местото не е на гробовите. Ако веќе се собираме на гробовите, таму треба да се помолиме и да му заблагодариме на Бога и со љубов да се сеќаваме на нашите упокоени“ – кажа г.Јаков.