Вечерва од 22:10 часот, сообраќајот на регионалниот пат Струмица–Берово е во целосен прекин кај Сарајска раскрсница, поради сообраќајна несреќа, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Надлежните служби се на терен и работат на увид, а повеќе детали за сообраќајката засега не се објавени. Возачите се повикуваат на внимателност и да користат алтернативни правци додека трае интервенцијата, велат од АМСМ.