Екипата на ЈПКД „Огражден“ Босилово од утрово интензивно работи на отстранување на дефект во водоводниот систем. Активностите се уште траат и се очекува до 18:30 часот системот да биде ставен во функција, информираше на Фејсбук градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев.
„Сакам да истакнам дека изминатата недела се соочивме со сериозен проблем со водоснабдувањето во Моноспитово. Имавме големи загуби на вода, а не бевме во можност да утврдиме каде се случуваат загубите. Вршевме проверка на целиот систем, почнувајќи од планината, изворите на Беласица, па се до селото, за да се утврди каде е дефектот. На крај се утврди дека дефектот е на главната линија, на шахта која е веднаш до мала река кај игралиштето во Банско и водата понирала во реката и не се забележуваше дефектот. Денеска со сите средства се работи на отстранување на дефектот“, напиша Манчев.