вторник, 9 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Во предвечерието на денот на браќата Кирил и Методиј, Општина Струмица додели 17 плакети и признанија на најдобрите просветни работници

петок, 24 мај, 2024 | 10:36
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Во предвечерието на денот на браќата Кирил и Методиј, Општина Струмица додели 17 плакети и признанија на најдобрите просветни работници

„Се чуствувам исполнет со среќа и задоволство што сум вечерва меѓу вас, а можам само да замислам како се чуствувате вие кога знаете дека утрешниот ден на сесловенските просветители е всушност ваш ден. Претпоставувам дека тоа не е само гордост која ве обзема за вашата животна професија, туку и чувство на обврска да продолжите да го давате најдоброто во себе, за доброто на Струмица, за доброто на Македонија и за доброто на генерациите кои утре, задутре ќе ја преземат одговорноста за иднината на нашето заедничко општество“ – им кажа на просветните работници од струмичките училишта, градоначалникот Костадин Костадинов на Свечената академија која во предвечерието на Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј се одржа во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.

„Вие, чинителите и креаторите на нашето образование и воспитување треба да бидете најдобрата рефлексија на денешното и утрешното исполнување на кирилометодивскиот аманет“ – порача Костадинов додавајќи дека е потребна поголема грижа за развој на образованието.

„Верувајќи истовремено, свесни за спецификите, кои со себе ги носат образовните професии, примопредавање на знаење и вештини треба да биде во согласност со нужната хармонија меѓу потребите на децата и учениците во една и доследна и професионално исполнување на програмските задачи од воспитно-образовниот процес од друга страна. Унапредувањето и вложувањето во тој процес е еднакво пропорционално со резултатите кои се очекуваат од него“ – кажа градоначалникот Костадинов.

И годинава, трета година по ред, Општина Струмица додели Плакети и Признание на најдобрите наставници и професори во основните и средните училишта, како и на воспитувачи и негуватели во детските градинки во општина Струмица.

Признание и Плакета „Св. Кирил и Методиј“ добија: Јасмина Митевска и Менка Хрјешиќ од Детската градинка „Виножито“, Елизабета Ангелова и Јасминка Деровска од Детската градинка „Детска радост“, Ана Цунева од ООМУ „Боро Џони“, Гордана Мучева од ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса, Весела Русоманова од ООУ „Герас Цунев“ Просениково, Зорица Андонова од ООУ „Маршал Тито“ Муртино, Лилјана Младеновска од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Дабиље, Зорица Димовска Митева од ООУ „Даме Груев“ Куклиш, Спасо Крстев од ООУ „Видое Подгорец“ Струмица, Десанка Ѓоргиева од ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица, Билјана Николова од ООУ „Сандо Масев“ Струмица, Снежана Узунова од ООУ „Маршал Тито“ Струмица, Билјана Бајрактарова од СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица, Никола Узунов од РСЦОО „Никола Карев“ Струмица и Елизабета Витанова од СОУ „Јане Сандански“ Струмица.

Во името на 17-те наградени се заблагодари Зорица Димовска Митева, која кажа дека оваа признание ќе биде поттик да се продолжи да го чуваат и негуваат скапоценото дело на сесловенските просветители, а за доброто на децата и учениците.

24 Мај е денот кога солунските браќа Светите Кирил и Методиј тргнале на својата света моравска мисија, во таа 863-та година, во тој по многу нешта значаен 9-ти век кој ја донел писменоста и христијанската самосвест на словените.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Next Post

Во прекин е електричната енергија во повеќе населени места во општината Ново Село

Related Posts

„Распеани Струмичани“ со годишен концерт на 12 декември во Центарот за култура
Вести

„Распеани Струмичани“ со годишен концерт на 12 декември во Центарот за култура

понеделник, 8 декември, 2025 | 21:08
Вечерва Струмица најзагадена со 343 мигрограми на метар кубен
Вести

Струмица ќе го одбележува патрониот празник – Денот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици

понеделник, 8 декември, 2025 | 15:11
Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември
Вести

Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември

понеделник, 8 декември, 2025 | 14:07
Жена загина во тешка сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил кај Владевци
Вести

Тешко повреден струмичанец откако со автомобилот излетал од патот кај селото Марена, кавадаречко

понеделник, 8 декември, 2025 | 13:17
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Маж од Банско физички ја нападнал сопругата, со која со месеци не живееле заедно

понеделник, 8 декември, 2025 | 11:49
Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Вести

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи

понеделник, 8 декември, 2025 | 08:21

ТОП ВЕСТИ

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Денеска се слави Свети Климент Охридски

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist