Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 29 април 2024 година, (понеделник) во раните утрински часови и во текот на пладневните часови ќе се врши ларвицидна дезинсекција во период од 09:00 до 16:00 часот, а ќе бидат опфатени општините од југоисточниот регион: Струмица, Василево, Босилово, Ново Село, Валандово, Дојран, Радовиш и Конче.
Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.