Организација на жените Ве поканува на настан каде преку емотивната моќ на монодрамата и рефлексија на истата во дискусија со публиката, ќе отвори можност каде девојките и жените ќе може да споделат свои впечатоци, свои искуства, позитивни и негативни доживувањa.
Понеделник, 2 декември | 18:00 часот | Дом на АРМ – Струмица
Првиот дел ќе имате можност да се насмеете, да се препознаете, да си разјасните некои искуства со срамот, а во вториот дел отворено да разговарате за ситуации кога сте се почувствувале засрамени, омаловажени, дискриминирани….
Од актерката:
„Монодрамата „СРАМ“ е моето простување со срамот од моето тело, од храната, од живеењето во оваа земја. Од срамот кој сум го негувала долго време, кој понекогаш не е лично мој и доаѓа од постапките на другите. Ова е моето прифаќање, заблагодарување и раскрстување со срамот. Време е срамот да оди кај некои други луѓе.“
Авторка и изведувачка: Ангела Стојановска
Креативни соработници: Милош Б. Андоновски, режисер и Ева Камчевска, драматург
Поддршка низ креативниот процес: Викторија Илиоска, изведувачка и кореографка и Билјана Радиноска, режисерка
Извршна продуцентка: Емилија Чочкова
Костим: Раде Василев
Сценографија: Мартин Манев
Времетраење: 60 мин
Перформансот СРАМ е развиван како авторски проект на Ангела Стојановска во рамки на платформата за изведувачки уметности на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО (@tiiiit.inc) – ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ.
Настанот „Шепоти во огледало“ е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата“ во реализација на ОЖОСВН и финансиски поддржан од Шведска и The Kvinna Till Kvinna Foundation