СВР Струмица информира дека синоќа во 21:30 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Џ.К.(39), затоа што физички ја нападнал неговата 33-годишна невенчана сопруга. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.