Попладнето околу 18:30 часот бркотница како на филм на „транзитниот пат“ кај раскрсницата која води кон автобуската станица во Струмица. Полициска акција со голем број на полицајци се одвивала во овој реон каде биле пресретнати тројца шверцери на дрога кои се движеле од Скопје – Струмица со крајна дестинација некоја од соседните земји. Двајцата се од Скопје, а едно лице е од Струмица. Спречен е шверц на поголема количина на дрога. Во спроведувањето на акцијата имало и судир на неколку возила. Очевидци велат дека се слушале и истрели од пиштол. Од полицијата најавуваат за утре официјални информации.