Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за петок, 20 септември најавуваат прекин на електричната енергија во цела општина Ново Село, во периодот од 09:00 до 12:30 часот. Прекин на електричната енергија во истиот период ќе има и во Босилово, како и во делови од населените места Моноспитово, Турново, Иловица, Штука, Радово и Габрово.
Планираниот прекин е поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.