Податоците на Државната изборна комисија за излезноста на двојните парламентарни и претседателски избори (втор круг) до 11:00 часот за општините во струмичкиот регион се следниве:
Парламентарни избори:
Во општина Струмица (обработени 99,83%) од 49.758 избирачи гласале 7.342 или 14,78%.
Во општина Босилово (обработени 99,88%) од 12.197 избирачи гласале 958 или 7,86%.
Во општина Василево (обработени 99,85%) од 10.876 избирачи гласале 1.103 или 10,16%.
Во општина Ново Село (обработени 99,96%) од 10.987 избирачи гласале 1.529 или 13,92%.
Претседателски избори, втор круг:
Во општина Струмица (обработени 99,82%) од 49.649 избирачи гласале 7.339 или 14,81%.
Во општина Босилово (обработени 99,88%) од 12.169 избирачи гласале 958 или 7,88%.
Во општина Василево (обработени 99,85%) од 10.852 избирачи гласале 1.103 или 10,18%.
Во општина Ново Село (обработени 99,96%) од 10.929 избирачи гласале 1.532 или 14,02%.