Денеска е најубавиот, највеселиот и најголемиот ден за секое училиште. Највесели, но и со некоја солза беа првачињата кои за прв пат стапнуваат на најубавата и највозбудлива патека во животот – патеката на образованието.
492 првачиња во деветте основни училишта на територијата на општина Струмица за прв пат зачекорија во своите училници и седнаа на училишните столчиња.
По повод почеток на образованието на првачињата денеска Општина Струмица организираше мала свеченост во Центарот за култура „Антон Панов“ каде им се обрати и им го честита првиот училишен ден заменик градоначалничката, Елена Маѓеровска Паликарова.
Во чест на првиот училишен ден актерите од струмичкиот театар за првачињата ја изведоа детската претстава „Пепелашка“.