На 8 октомври (недела) во 12:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица премиерно ќе биде изведена претставата за деца „Царевата нова облека“, според приказната на Ханс Кристијан Андерсен. Режијата е на Јасмина Вучкова, драматизацијата на Ацо Гогов, а музиката на Боби Ѓошиќ. Изборот на костими е на Ванчо Василев, а сценскиот дизајн е на Кољо Черкезов и Ванчо Василев.
Настапуваат актерите од струмичкиот Народен театар: Кољо Черкезов, Коста Ангов, Оливера Аризанова-Мансбарт, Анкица Бенинова, Ванчо Василев, Стојан Велков-Трн, Танкица Стојанова и Игор Тодоров.
Недела, 8 октомври | 12:00 часот | Центар за култура – Струмица