недела, 7 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Босилово

Во недела по 4-ти пат еко акцијата „Чисти ридови за сите“

вторник, 26 март, 2024 | 15:24
in Босилово, Василево, Вести, Ново Село, Струмица
Во недела по 4-ти пат еко акцијата „Чисти ридови за сите“

На ден 31-ви март 2024 година (недела) со почеток во 10:00 ќе започне еко акцијата „Чисти ридови за сите 4“.

Оваа година по четврти пат се организира оваа еко акцијата и сега координирано во 4-те општини од струмичката котлина (општина Струмица, општина Василево, општина Босилово, општина Ново Село), акција која полека прераснува во убава традиција токму на почетокот на пролетта.

Еве ги локациите, каде ќе се спроведе акцијата:

Општина Струмица:
– групата ќе започне од РЦСОО „Никола Карев“ во 10:00 часот од каде групата ќе се упати по асфалтниот пат „Лозињата – Чамчифлик”, за на крај да се пристигне до месноста т.н. Стрелиште.

Општина Ново Село:
– еко акцијата ќе се спроведе на „Новоселска брана” со почеток во 10:00 часот.

Општина Босилово:
– еко акцијата ќе се спроведе на „Брана Иловица” и просторот околу манастирот во Хамзали, со почеток во 10:00 часот.

Општина Василево:
– еко акцијата ќе се спроведе на јавните површини во сите населени места, со почеток во 10:00 часот.

Предвидено е собраниот смет учесниците да го одложат во вреќи за отпад покрај патот на предвидените рути и локации, од каде со возила на комуналните претпријатија понатаму сметот ќе биде собран и одложен во соодветните депонии.

Организаторот на оваа еко акција Велосипедскиот клуб „Актив“ Струмица ги поканува сите вас – љубители на природата, кои сакаат почиста околина, кои се подготвени да одвојат дел од своето слободно време да се вклучаат во оваа акција и сите заедно и организирано да и вратат нешто на нашата прекрасна природа.

ShareTweetShare
Previous Post

Филипче: Ги знам проблемите и имам решенија на граѓаните од четвртата изборна единица

Next Post

Филипче: Платите на докторите се покачија двојно, обезбедивме квалитетен инсулин за дијабетичарите

Related Posts

Вработените во „Паркиралишта Струмица“ си ја добија заостанатата плата
Вести

Вработените во „Паркиралишта Струмица“ си ја добија заостанатата плата

сабота, 6 септември, 2025 | 16:47
Обраќање на кандидатот за градоначалник на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков
Вести

Обраќање на кандидатот за градоначалник на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков

четврток, 4 септември, 2025 | 14:41
Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу
Вести

Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу

четврток, 4 септември, 2025 | 09:09
Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица
Вести

Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица

среда, 3 септември, 2025 | 21:48
Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември
Вести

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

среда, 3 септември, 2025 | 16:32
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион
Босилово

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион

среда, 3 септември, 2025 | 15:52

ТОП ВЕСТИ

Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу
Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица
Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“

ВЕБ БИЛБОРД

Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist