Во организација на „Маратон“ од Струмица во недела, 28 мај ќе се одржи традиционалниот планинарски марш „По патеките на Мис Стон“.
Сите заинтересирани учесници, во 07:30 часот треба да бидат на брана Турија, од каде што организирано се тргнува кон селото Нивичино. Се пешачи по следната маршута: брана Турија – Јурукова колиба – Павлова ливада – Железен дол. Пристигнувањето во Нивичино е планирано за околу 12:00 часот. За во 14:00 часот планирано е доделување на благодарници за учесниците, по што во 14:30 започнува враќањето кон брана Турија.
За сите учесници организаторот подготвува заеднички ручек. Учесниците треба со себе да понесат прибор за јадење и вода за пиење. Патеката е средно тешка и е погодна за планинари на возраст од 7 до 77 години. Заинтересираните за овој планинарски марш, неопходно е своето учество да го најават на телефонскиот број: 071 253 203.
Овој планинарски марш и годинава е со поддршка на Општина Василево, а градоначалникот Славе Андонов и претседателот на ЗПСК „Маратон“, Ѓорги К’рмзов вчера ги договараа активностите околу реализацијата на маршот.