Во недела на 15 декември со почеток во 18:00 часот во Домот на културата во Босилово ќе се прикажува ремек-делото на Милчо Манчевски „Пред дождот“.
Македонскиот филм „Пред Дождот“ има освоено над 30 награди на меѓународни фестивали (меѓу кои и Златниот лав, ФИПРЕСЦИ, Индепендент спирит и Номинацијата за Оскар), вброен е во академската програма на над 200 универзитети и има десетици книги и поглавија во светската стручна литература посветени на овој голем македонски филм.
Недела, 21 декември | 18:00 часот | Дом на култура Босилово | Влез слободен