Од Општина Струмица ги информираат граѓаните дека по повод патрониот празник на градот – Свеите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, кој се чествува на 11 декември, во деновите недела и понеделник (10 и 11 декември), ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот од страна на СВР Струмица, и тоа на улиците „Крушевска Република“, „5-ти Ноември“, дел од улицата „Бетовенова“ и улицата „Славчо Стојменски“.
Дополнително од општината информираат дека дозволена зона за поставување на мобилни продажни пунктови ќе биде потегот долж десната страна на улицата „Крушевска Република“, односно од крстосница на улица „Крушевска Република“ со улица „5-ти Ноември“ (Чурлински мост), до крстосница на улица „Крушевска Република“ со крак на улица „Охридска“.
Се молат сите граѓани учесници во сообраќајот кои во овие два дена ќе се движат кон Црквата „Св. Петнаесет“ да ги почитуваат дадените насоки.