Во недела, 18 јуни ЈПКД „Комуналец“ продолжува со генералната акција на метење, машинско чистење, подигање на смет и перење на улиците во горниот дел на градот Струмица, односно ќе биде опфатен горниот дел над булеварот „Маршал Тито“, информираат од комуналното претпријатие.
Се молат сите граѓани од овој реон кои имат секаков вид на отпад да го пријават на 13 110 и да го извадат пред дворовите во недела до 12:00 часот како би бил подигнат во текот на денот.