Во организација на Општина Босилово на 1 октомври, недела од 09:00 до 15:00 часот ќе се организира за прв пат манифестацијата „АЈВЕРИЈАДА 2023“.
Настанот ќе се одржи на училишното спортско игралиште во Босилово, од 09:00 часот кога десет домаќинки ќе започнат да го подготвуваат традиционалниот домашен ајвер, а културно-забавната програма ќе започне во 12:00 часот со настапите на естрадните уметници Ленче Кукиќ, Благица Калева, Живко Динев, Бисера Гавровска, КУД „Гоце Делчев“ од Босилово и КУД „Кирил и Методиј“ од Иловица.
Сите заинтересирани лица кои сакаат да се вклучат во активностите поврзани со „АЈВАРИЈАДАТА“ може да се пријават во Општина Босилово или на телефонскиот број: 070 303 795, бидејќи освен домаќинките кои ќе подготвуваат ајвер на самото место на настанот, можат да се вклучат и останатите граѓани со изложување и дегустирање на својот веќе подготвен ајвер, лутеница, малиџано и други производи со вкусот на познатата црвена струмичка пиперка.
Општина Босилово упатува јавна покана до сите граѓани да ја посетат оваа манифестација во недела, 1 октомври.