Во рамките на манифестацијата „Босилово Културно лето 2024“, кое од 14 август до 15 септември се одржува на територија на општина Босилово, во недела, 18 август од 20:00 часот во Домот на културата во Босилово ќе биде изведена театарската претстава „Лекција“ од Ежен Јонеско, а ќе ја играат: Маја Ѓурчевска, Калина Велковска и Јовче Пандев. Влезот е слободен.