Општина Босилово во недела, 30 јуни од 18:00 до 20:00 часот на малиот плоштад во центарот на Босилово за прв пат ќе организира „БАЗАР ФЕСТ 2024“, со желба истиот да прерасне во традиција.
На оваа нова манифестација ќе бидат изложени традиционални ракотворби, здрава природна храна, уметнички слики, изработка на мали и невобичаено интересни производи и истите ќе се продаваат.
Оние кои сакаат да изложат и да бидат дел од првиот „БАЗАР ФЕСТ“ можат да се пријават во Општина Босилово на телефонскиот број: 071 634 327, а за останатите граѓани отворена е поканата од градоначалникот Ристо Манчев да ги посетат штандовите во недела од 18:00 до 20:00 часот.