Вчера околу 16:00 часот во селото Колешино, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода З.М.(31) од Колешино, информираат од струмичката полиција.
При претрес кај него, извршен со судска наредба, било пронајдено и одземено ќесе со марихуана, а при претрес на локации во Колешино, за кои претходно имало сознанија дека З.М. чува марихуана, биле пронајдени две тегли со марихуана.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.