На празникот Раѓање на Свети Иван Крстител, вчера во истоимената црква во Струмица, Неговото Високопреосвештенство монсињор д-р Киро Стојанов, служеше света архиерејска Литургија по повод патрониот празник.
Покрај верниот народ од парохијата и околните парохии на свеченоста присуствуваа и сестри Евхаристинки од Скопје, Струмица, Радово и Нова Маала.
Во јубилејната 2025 година, за време на прославата на патрониот празник на парохијата посветена на Свeти Иван Крстител, епископот д-р Киро Стојанов упати слово во кое ја потенцираше важноста на христијанскиот идентитет, истакнувајќи дека да се биде христијанин значи тоа да се покаже преку зборови, дела, односи и начинот на живеење.
На свеченоста, по повод 10-годишнината од основањето на црковниот одбор, д-р Киро Стојанов на одборниците им ја подари монографијата „25 години епископство на монсињор д-р Киро Стојанов“, со посвета во која им се заблагодарува за нивното служење на Црквата, посакувајќи Божји благослов на нив и нивните семејства.
По завршувањето на светата Литургија во дворот на црквата верниците се задржаа во заедништво и разговор.