Во понеделник, 24 април, во 17:00 часот во просториите на Europe House во Струмица ќе се одржи настан на кој ќе гостуваат проф. д-р Игор Станојкоски, универзитетски професор, лингвист и книжевен преведувач и м-р Звонко Димоски лингвист, критичар и книжевен преведувач.
Книжевните разговори ќе се водат на теми поврзани со книжевниот превод како посебна форма, за предизвиците пред кои се исправени преведувачите, за моралот на еден преведувач и основните начела од кои се води, за можностите на македонскиот јазик во однос на доминантните светски јазици…
Настанот се организира по повод промоцијата на последниот двоброј на списанието „Зенит“, во кој доминантна тема е војната како топос во литературата. Во овој број на „Зенит“, Станојоски и Димоски се појавуваат како автори на книжевните препеви на поезија од украински автори…
Понеделник, 24 април | 17:00 часот | Европска куќа Струмица