Синоќа во 21:35 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода З.Р.(53) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени марихуана и семки од растението канабис. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава, сооштија од струмичката полиција.