СВР Струмица информира дека вчера околу 14 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода А.А.(44) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. При претресот, А.А. со лицата Ѓ.А. и М.А. агресивно се однесувале кон полициски службеници при вршење службени дејствија. А.А. бил задржан во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.