Денеска полициски службеници од СВР Струмица, со наредба од Основен суд Струмица, извршиле претрес во дом и други простории кај Н.А.(34) од Струмица. При претресот била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од струмичката полиција.
 
 
                                 
 
 
		    
 
                                











 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	


















 
								