Девојките на ОК „Наковски Волеј“ уште еднаш покажаа дека не случајно се меѓу првите 3 места на табелата во Првата државна одбојкарска лига за жени.
Со резултат од 3:0 во сетови „Наковски Волеј“ ги надиграа девојките на „Македонија Макс“ и ги потврдија афинитетите за пласман на повисока позиција ова одбојкарска сезона. Тие покажаа квалитетната игра и доминација на терен во сите три сета на денешното градско дерби во салата на ООУ „Видое Подгорец“ во Струмица.