Синоќа во Градската уметничка галерија во Струмица беше отворена изложба на фотографии „Во пресрет на рускиот цар, Романови – царско служење“, организирана од во Елеуса Фондација во соработка со Сретенскиот манастир од Москва.
Изложбата е составена од семејни фотографии, портрети од семејните албуми и претставува интересен проект од кој преку набљудување може секако во мал дел да се долови и преку слика да се навлезе во сегменти од живеењето на ова значајно историско семејство на Царска Русија.
Во голем број од фотографиите е прикажан секојдневниот живот и доловен е и прикажан хуманитарниот дух и хуманитарните активности на целото семејство.
Изложбата е прикажана над 300 пати на повеќе места ширум светот: Русија, Европа, Австралија, Америка.
Меѓу пристутните гости беше и директорката на Комисијата за односи меѓу верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска.
ФОТО: Елеуса Фондација