Вчера во периодот од 15:00 до 23:00 часот на подрачјето што го покрива Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола над возачи кои управуваат мотоцикли. При контролата биле констатирани 26 прекршоци, од кои 12 на подрачјето на Струмица, 8 на подрачјето на Радовиш и 6 на подрачјето на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.