Управата за извршување санкции информира дека денеска била извршена вонредна контрола во КПУ Затвор Струмица.
Контролата била спроведена од Управата и интервентен вод.
„Направени се претреси по сите спални соби од кои се пронајдени три мобилни телефони од кои два со непознат сопственик и еден со познат сопственик“, велат од Управата.
Телефоните се одземени и против осудениот ќе биде покренета соодветна дисциплинска одговорност.