Од струмичката полиција информираат дека вчера попладнето околу 15 часот на тротоар на булевар „Маршал Тито“ во Струмица лице кое управувало електричен тротинет удрило во пешакот К.К.(62) од Струмица. К.К. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.