„Струмица официјално доби решение од АХВ дека водата од водоводот е питка“ – ова пред малку на Фејсбук го објави градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.
„Анализи од Институт за Ветерина, 3 акредитирани приватни лаборатории, Центар за јавно здравје Струмица, ги побија резултатите на Институтот за Јавно Здравје, кои не измачуваа сите нас како струмичани. Струмичкиот отпор и пркос даде резултат. Благодарам на професионалците од АХВ што се одважија и го потпишаа решението за укинување на забраната“ – напиша Костадинов.