„СДСМ и Марјан Даскаловски немаат решение за проблемите во „Паркинзи“. Добро позната е стратегија на СДСМ Струмица дека за проблемите во Општина Струмица секогаш друг е виновен.
Марјан Даскаловски две децении е креатор на политики во Струмица, а резултат од тоа е дека Општина Струмица се наоѓа во тешка финансиска состојба.
Вработените во „Паркиралишта“ најавија штајк, бидејќи неспособното 20-годишно владеење на СДСМ во Струмица ги остави без плата.
Наместо најавеното покачување на платите кое го вети СДСМ на вработените во Општина Струмица, вработените во „Паркиралишта“ се оставени без плата.
Префрлањето на вина од Даскаловски на Костадинов и обратно, нема да го реши овој проблем.
Распад системот на владеење на СДСМ со Општина Струмица не може да го спречи никој од СДСМ, а најмалку Даскаловски и затоа се потребни промени.
Даскаловски кој жестоко ги бранеше скапите автобуси, скапото новогодишното украсување, скапите зафати во урбаната опрема и осветлување, набавката на нови луксузни возила – сега нема право да бара друг да му ги решава проблемите кој самиот тој и неговата СДСМ ги креираа. Потребни се промени во Општина Струмица“ – стои во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.