„Ковачевски да разбере, штитењето на државните интереси, враќањето на државата кај народот не е откажување од иднината, туку создавање на реална и остварлива иднина“, реагира ВМРО-ДПМНЕ по вечерашниот говор на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Струмица дека на овие избори се избира меѓу изолација и Европа.
„Европската иднина на Ковачевски се сведе на редици за пасоши, уцени од Бугарија и огромни криминали. Што од ова е Европа и што од ова е иднина. Изборите се одлука за Македонија на Ковачевски, и Македонија на народот“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.