Во понеделник, 8 Април со почеток во 20:00 часот ВМРО-ДПМНЕ во Струмица свечено ќе го означи почетокот на работата на Регионален Изборен штаб за 4-та Изборна единица, како дел од предизборната кампања на Претседателските избори 2024 година.
Регионалниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во објект под Хотел „Есперанто“ во Струмица. Овој простор ќе биде наменет за организирање на текот на кампањата, за средби и разговори со граѓаните.
Регионалниот штаб – Струмица ГИ ПОКАНУВА СИТЕ ЧЛЕНОВИ И СОГРАЃАНИ од Струмица и регионот да присуствуваат на свеченото отворање.
Свечениот почеток со обраќања ќе биде на центарот во Струмица, на платото пред хотел „Есперанто“.
Понеделник, 8 Април | 20:00 часот | пред хотел „Есперанто“