вторник, 19 август 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

ВМРО-ДПМНЕ на струмичкиот плоштад одржа отворена трибина по повод една година владеење

четврток, 3 јули, 2025 | 23:07
in Вести, Струмица
ВМРО-ДПМНЕ на струмичкиот плоштад одржа отворена трибина по повод една година владеење

Под мотото „Доаѓа времето на Македонија – Ги градиме темелите на промените“, владејачката ВМРО-ДПМНЕ одржа трибина на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица како дел од караванот низ Македонија по повод една година владеење.

„Не дозволивме тишината да победи, не дозволивме безнадежноста да стане стандард, не дозволивме да продолжи поразот“, порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на синоќешната трибина во Струмица, обраќајќи се пред граѓаните по повод една година владеење на новата Влада.

Мицкоски истакна дека новиот почеток не бил лесен, но бил неопходен. Како што рече, не се почнало од нула, туку „од минус“, поради состојбите што, според него, ги оставиле претходните власти – нарушени институции, разурнат систем, здравство во колапс, молчлива администрација, правосудство без доверба и генерации млади што ја напуштале државата.

„Ги поставуваме првите тули на ново општество – праведно, чесно, вредно, блиско до народот. Ги зацврстивме носечките столбови што беа напукнати: довербата, правдата, одговорноста, визијата“, истакна Мицкоски.

Според него, во изминативе 365 дена се работело на темелите, а целта е изградба на систем што ќе функционира по мерка на граѓанинот. Најави воведување обврска институциите да одговараат на барањата на граѓаните во рок од 5 дена – мерка која, како што рече, ќе биде регулирана со закон, а не само ветување.

Мицкоски најави и јавна листа со времиња на чекање во здравствените установи, казни за административен молк, како и реформа во образованието – воведување на предмет за вештачка интелигенција со цел да се подготват учениците за иднината и дигиталната ера.

На трибината се осврна и на земјоделството, посочувајќи дека за помалку од една година се исплатени над 9 милијарди денари субвенции, склучени се над 2.100 договори за користење земјиште, и распишан е повик за финансиска поддршка на млади земјоделци.

Мицкоски изрази уверување дека есенските локални избори ќе донесат „огромна победа“ за ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, за која рече дека „предолго била заробена од една фамилија“, алудирајќи на поранешното раководство на СДСМ.

„Ова е само почеток. Но веќе е почеток кој долго го чекавме – на нова, поинаква татковина. Земја на ред, човечност и можности. Земја што ќе работи за тебе и ќе расте за тебе“, заврши премиерот Мицкоски.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Се издава наместена гарсоњера со тераса

Next Post

СДСМ Струмица: Фијаско на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавите на градоначалникот Костадинов за новиот ГУП
Вести

ВМРО-ДПМНЕ Струмица: Префрлањето на вина од Даскаловски на Костадинов и обратно, нема да го реши овој проблем.

вторник, 19 август, 2025 | 19:34
Градоначалникот Костадинов со реакција по прес конференцијата на министерот Цветан Трипуновски
Вести

Фејсбук објава на градоначалникот Костадинов кој реагира на соопштението на СДСМ Струмица

вторник, 19 август, 2025 | 14:58
СДСМ Струмица апелира до градоначалникот Костадинов веднаш да изнајде решение и да го исплати долгот кон ЈП „Паркиралишта Струмица“
Вести

СДСМ Струмица апелира до градоначалникот Костадинов веднаш да изнајде решение и да го исплати долгот кон ЈП „Паркиралишта Струмица“

вторник, 19 август, 2025 | 13:13
Вработените во „Паркиралишта Струмица“ стравуваат за своите плати – најавуваат штрајк
Вести

Вработените во „Паркиралишта Струмица“ стравуваат за своите плати – најавуваат штрајк

вторник, 19 август, 2025 | 08:28
Легендата на македонската песна Гоце Арнаудов ако беше жив денеска ќе полнеше 69 години
Вести

Легендата на македонската песна Гоце Арнаудов ако беше жив денеска ќе полнеше 71 година

вторник, 19 август, 2025 | 07:13
Се затвора обиколницата околу Солун – важно соопштение за оние кои патуваат на Халкидики во Грција
Вести

Се затвора обиколницата околу Солун – важно соопштение за оние кои патуваат на Халкидики во Грција

понеделник, 18 август, 2025 | 21:32

ТОП ВЕСТИ

Првата концертна вечер на „Струмица Опен Фестивал 2025“ посветена на трагично загинатиот музичар Џоко Ѓоргиев
Пожар во Штука – гореше кровна конструкција од куќа и штала
Повредени тројца млади луѓе на возраст од 12, 15 и 19 години кои со мотори направиле сообраќајка на „Ленинова“

ВЕБ БИЛБОРД

Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“
На 15 и 18 август во струмичкиот регион ќе се изврши ларвицидна и терестична дезинсекција
Вечерва втора концертна вечер на „Струмица Опен Фестивал 2025“ – македонска музика и големи хитови
Првата концертна вечер на „Струмица ОПЕН фестивал 2025“ во чест на Џоко Ѓоргиев
Струмица ќе ги чествува двата Илиндена

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist