Вчера и денеска кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од изборната единица 4, Антонио Милошоски, Ели Панова, Жан Дрвошанов, Јадранка Поцкова имаа средби со жителите на Костурино и Вељуса, општина Струмица.
Вечерва на средбата пред насобраните граѓани на Вељуса се обрати Антинио Милошоски, кој кажа дека народот се мобилизира за масовно гласање со цел убедливо да го порази СДСМ на 8 мај, кога ќе се одржат Парламентарните избори, но и вториот круг од Претседателските избори. Граѓаните масовно ќе го поддржат ВМРО-ДПМНЕ за формирање нова Влада и Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија.