Актуелните градоначалници на општините од Струмичкиот регион Василево, Босилово и Ново Село, Славе Андонов, Ристо Манчев и Ѓеорги Божинов повторно ќе бидат кандидати за градоначалник во нивните општини на претстојните Локални избори планирани за месец октомври. Тие добија поддршка од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седница каде беа утврдени 25 кандидати за градоначалник во исто толку општини во Македонија. За општина Струмица сé уште не одлучиле. Во јавноста се шпекулираат четири имиња кои се вртат деновиве во партиските анкети: Петар Јанков, потпретседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, д-р Никола Маџунков, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Струмица, советникот Владимир Ристов, како и Кире Синдраковски. Според нашите информации останатите кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат утврдени до средината на месец јуни.