Вчера попладне во 15:40 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу влекач „Волво“ со бугарски национални ознаки, управуван од бугарскиот државјанин Н.П.К.(63) и велосипед управуван од И.Е.(64) од Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во болницата во Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.