Епископот Стобиски господин Јаков, заедно со универзитетскиот професор Венко Андоновски, ги повикаа пратениците на претпазливост со носењето на Законот за родова еднаквост.
Според нив ова отвора можност за воведување сексуално образование во училиштата кое ќе биде параван за родовата идеологија која на големо се заговара во земајва. Тоа го истакнаа на трибината „Зошто не за сексуално образование во училиштата“, што синоќа во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ја организираше „Фондација Елеуса“.
„Родовата еднаквост е само параван да се даде легитимитет на насилството врз жените од страна на биолошки мажи, и да не остане камен на камен од вистинските вредности како што е половата рамноправност, но и од објективната стварност“ – кажа Владиката Јаков.